Во Србија денес 426 новозаразени со коронавирус, рекорден број тестирања

Од:

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 426 нови случаи на Ковид-19, а од последиците на болеста починале осум лица, соопштија здравствените власти.

Во земјата во изминатото деноноќие е направено дури 11.521 тестирање, што е досега рекорден број тестови за 24 часа, според Министерството за здравство.

Вкупниот број починати од Ковид-19 во Србија од почетокот на пандемијата изнесува 499. Во моментов, на респиратори се 205 пациенти, соопштија здравствените власти.

Во земјата се хоспитализирани 4.619 пациенти со Ковид-19, според официјалните податоци.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани