Во Словенија речиси 10 илјади нови случаи, 68 отсто од тестираните се позитивни

Од:

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени речиси 10.000 нови инфекции со коронавирус и осум нови смртни случаи, а Владата ја скрати самоизолацијата на оние без симптоми, за да овозможи понормално функционирање на здравството, образованието и економијата.

Бројот на активни случаи надмина 100.000

Од 14.650 ПЦР тестови, потврдени се 9.945 инфекции или 67,9 проценти, седумдневниот просек на дневни инфекции се зголеми на 8.868, а инциденцата на 14 дена на 4.836 случаи на 100.000 население, според податоците објавени од Националниот институт за јавно здравје на Словенија.

Според Министерството за здравство, во болниците во Словенија во моментов има 601 пациент со Ковид, од кои 136 се на одделенија за интензивна нега, а бројот на активни случаи надмина 100.000. Со последните смртни случаи, бројот на умрени се искачи на 5.751 од почетокот на епидемијата.

Времето на самоизолација е скратено

Со новата одлука на словенечката влада се скратува времето на самоизолација на повеќето од заразените на седум дена, со услов на седмиот ден да имаат негативен брз тест. Ваквиот протокол не важи за заразените на кои не им се заканува хоспитализација, односно немаат тежок тек на болеста и не спаѓаат во групата на имунокомпромитирани.

На заразените лица им се скратува самоизолацијата, под услов 24 часа пред прекинот на изолацијата да немаат треска или други значајни здравствени проблеми, а доколку е така, тогаш им се продолжува времетраењето на изолацијата.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија