Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Од:

Директорот на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), Шпенд Маџуни денеска поднесе извештај пред собраниската Комисија за надзор врз АКИ за неодамнешното враќање на 110 косовски државјани од Сирија, при што информира дека во тамошната зона на конфликт и натаму се наоѓаат уште 65 Косовци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на Комисијата, Фатон Топали, во обраќањето пред новинарите по седницата ги пренесе сознанијата на АКИ, според кои од 2012 година, кога косовски државјани почнаа да заминуваат за Сирија, 334 лица се вратиле во земјата. Во воените зони во Сирија загинале 93 Косовци, вклучително и жени и деца.

Лицата кои се вратени, рече Топали, не претставуваат опасност за безбедноста на Косово.

– Според информациите кои ги имаме, лицата кои се вратени се профилизирани и не постои никаква опасност по безбедноста на Косово, бидејќи мнозинството од нив се жртви, рече Топали, нагласувајќи дека бројот на Косовците кои моментно се наоѓаат во Сирија е значително помал одошто во минатото.

Ноќта меѓу 19 и 20 април, со авион со американски обележја, во Косово од Сирија беа вратени 110 косовски државјани.

Како што беше соопштено, вратени се четворица борци на терористичката организација Исламска држава (ИД), кои веднаш биле уапсени и им е одреден притвор, како и 32 жени и 74 деца. За сите вратени жени е отворена истрага за евентуални врски со ИД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години