Во Сараево ќе се готви за Гинисов рекорд

Од:

Сараево на 17-ти април ќе биде домаќин на најголемата готвачка манифестација во Европа, на која познати готвачи ќе се обидат да го соборат Гинисовиот рекорд во „беговска манџа“.

Учесниците на конференцијата на Здруженија на светски готварски асоцијации, ќе подготват беговска манџа во количина од 4.100 литри, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на Здруженијата на готвачите на БиХ, Нермин Хоџиќ потврди дека од таа количина ќе се добијат околу 15.000 чинии манџа, кои ќе бидат поделени на граѓаните и гостите, а дел ќе биде дониран и во народните кујни.

Инаку според наводите на манифестацијата ќе учествуваат околу стотина гости и исто толку домашни готвачи.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина