Во престрелка во Приштина убиен е маж, убиецот е во бегство

Од:

Едно лице е убиено во пукотница во приштинската населба Ајвалија, соопшти полицијата.

Портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети, потврди дека инцидентот е пријавен синоќа околу 22 часот и дека жртвата, која била пронајдена во автомобил, починала на местото на настанот.

„Смртта на мажот е потврдена од медицински тим“, рече Ахмети.

Осомничениот веќе е идентификуван, а полицијата интензивно го бара, рече Ахмети, додавајќи дека истрагата е во тек.

Ова е петто убиство за два дена – се случи денот по друг сериозен инцидент – тројно убиство во Гњилане.

Тројца осомничени за тоа убиство се уште се во бегство.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

(ВИДЕО) Тензично пред косовскиот парламент: демонстрантите фрлаат молотови коктели, полицијата одгвори со солзавец

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“