Во последната деценија Албанија ја напуштиле 4.000 лекари

Од:

Во последната деценија Албанија ја напуштите четири илјади лекари од општа пракса но и специјалисти по одредена медицинска гранка.

„Албанските лекари секој ден се повеќе се стремат да заминат во земјите на Европската унија, а прво место зазема Германија. Заминувањето на лекарите започнува со либерализација на визниот режим и сега тие формираа федерации на албански лекари во Европа, што изготви студија за причините за напуштање на матичната земја, наведува Топ чанел.

Во студијата се наведуваат причините кои ги натерале белите мантили да заминат од Албанија.

„Една од причините се лошите услови во кои работат лекарите поради недостигот на инфраструктура. Тука секако се и ниските плати споредено со оние кои ги добиваат во западноевропските земји, како и поголемите можности за нивно усовршување, се наведува во студијата.

При тоа се додава дека платата на лекар во Германија се движи од 4.500 до 10.000 евра, во зависност од специјалзацијата што ја има.

Многу поголема е бројката на медицинските сестри кои ја напуштиле Албанија.

Според Елсон Јачај, претседател на друштвото на медицински сестри во Албанија, само во последните три години земјата ја напуштиле околу девет илјади медицински сестри.

Би можело да ве интересира

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин