Во поголемите градови во Бугарија најави за отворање деноноќни пунктови за вакцинација

Од:

Од понеделник во Бугарија ќе бидат отворени 24 часа пунктови за вакцинација. Тоа го најави денеска министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов.

– Се зависи од вас. Благодарение на оние кои веруваат во науката има долги редици луѓе. Ќе отвориме деноноќни пунктови за вакцинација во градови во државата, изјави тој.

Вакцинацијата во Бугарија се одвива втор ден и во сите поголеми градови има редици од луѓе кои сакаат да ја примат вакцината. Количините од Фајзер/Бионтех се потрошени и сега се вакцинира со АстраЗенека.

Втор ден во сите поголеми градови во Бугарија, луѓето се редат во огромни редици за да ја добијат првата доза на вакцина против Ковид-19.

Според државниот санитарен инспектор во Пловидв антиваксери се обидуваат да спречат вакцинирање со тоа што се пријавуваат на листите, а потоа не доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?