Во Подградец уапсен повратник од Сирија, поседувал експлозив и муниција

Од:

Албанската полиција го уапсила Ервин Дука, од селото Гура, кај Подградец, кој дома чувал еклпозив и муниција.

Полицијата од обвинителството го побарала негово итно апсење, по информациите за експлозивот, јави тиранската телевизија Топ чанел.

Евин Дука(29),татко на едно дете, делумно парализиран од здобиените повреди како припадник на ИД во Сирија, по враќањето од тамошните боишта постојани бил набљудуван од страна на полицијата.

Обвинителството и полицијата потврдуват дека тој за Сирија заминал во 2013 година со група млади луѓе од нивното планинско село, а биле под влијание на веќе уапсените самопрогласени имами во Тирана. Дел од нив со себе ги земале и семејствата.

Тој е еден од шестмината албански државјани ранети во една битка во Сирија, во 2014 година, кои најпрво биле однесени на лекување во Турција, а од таму во Лариса во Грција, по што дел од нив си дошле дома, а другите повторно се вратиле во Сирија.

Неговото апсење следува по апсењето, минатиот петок, на четири лица во Скадар, за кои постоеле сознанија дека подготвуваат терористички напади, а кои врз основа на прислушуваните телефонски разговори добивале наредби директно од најбараниот терорист-Албанец, косовецот Лавдрим Мухаџери, водачот на албанските џихадисти во Сирија.Тој, од сега, уапсените барал еден од нападите да биде на фрудбалскиот натпревар Албанија-Израел.

Меѓу четворицата уапсени е и поранешен припадник на албанската армиска специјална единици-Командоси, кој требало да ја подготви бомбата.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски