Во новата српска влада ќе има десет жени, Вулин и Стефановиќ си ги менуваат местата

Од:

Мандатарката за состав на српската влада и членка на Претседателството на Српската напредна странка, Ана Брнабиќ, го соопшти составот на кабинетот, кој ќе има три министерски ресори повеќе од претходниот, кој исто така го предводеше таа.

Министерските места во ресорите Одбрана и Внатрешни работи ќе ги сменат Александар Вулин, кој сега ќе биде прв човек на српската полиција, и Небојша Стефановиќ, кој отсега ќе раководи со одбраната на земјата.

Никола Селаковиќ е предложен за нов министер за надворешни работи.

На чело на новото Министерство за човекови права, рамноправност на половите и општествен дијалог ќе застане Гордана Чомиќ, нов министер за Грижа за семејството и демокграфија ќе биде Ратко Дмитровиќ, додека министер за Село ќе биде Милан Кркобабиќ.

Министерството за култура и информирање ќе го води Маја Гојковиќ, додека Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања ќе биде предводено од Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

За министерка за Трговија, туризам и телекомуникации е предложена Татјана Матиќ, во ресорот Градежништво и инфраструктура Томислав Момировиќ, Министерството за финансии ќе го предводи Синиша Мали, додека на чело на Министерството за економија ќе биде Анѓелка Атанасковиќ.

Бранислав Недимовиќ е предложен за министер за Земјоделие, додека ресорото Енергетика и рударство ќе го предводи Зорана Михалјовиќ.

Српска министерка за правда ќе биде Маја Поповиќ, за локална самоуправа Марија Обрадовиќ, за европски интеграции Јaдранка Јоксимовиќ, Златибор Лончар ќе остане на чело на српското Здравство, а Вања Удовичиќ министер за Млади и спорт.

Ресорот Образование ќе ѝ припадне на Социјалистичката партија, коалицискиот партнер на владејачката Српска напредна странка на претседателот Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски