Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, најостро го осуди физичкиот напад врз српската амбасадорка во Шпанија, Ирена Шарац. Таа била нападната во центарот на Мадрид.
„Најостро го осудувам физичкиот напад врз амбасадорката Шарац во центарот на Мадрид. Бараме целосна истрага и одговорност од сите власти за овој безобразен инцидент и чин на насилство врз највисокиот дипломатски претставник на нашата земја“, изјави за Танјуг шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ.
Како што дознава Танјуг, во центарот на Мадрид, млад човек физички ја нападнал српската амбасадорка во Шпанија и и нанел повреди на грбот.
Од изјавите на присутните сведоци постои сомнеж дека напаѓачот е по потекло од Албанија.
Според очевидци, на амбасадорката Шарац, која телефонски разговарала на српски јазик, и пришол помлад човек и ја прашал дали е од Србија, по што тој ја удрил со нога во грбот и побегнал.
Неколку сведоци потоа неуспешно се обиделе да го фатат напаѓачот. Нападот бил пријавен во полиција.