Во Италија уапсени албански сопружници и запленета дрога вредна на милион евра

Од:

Италијанската полиција во градот Мјештре уапси албанска брачна двојка и запленила дрога вредна милион евра.

Според албанските медиуми кои се повикуваат на италијанската полиција запленети се над 80 килограми дрога, вклучувајќи марихуана, хашиш и кокаин.

– Брачната двојка го привлекла вниманието откако се обиделе да го сменат правецот на движење кога го здогледале контролниот пункт на карабинерите кои вршеле проверки во Мјештре, но автомобилот сепак бил запрен, јавуваат медиумите.

Дрогата била откриена, дел во автомобилот во кој биле сопружниците, дел во автомобил паркиран во дворот на нивната куќа, во оџакот, а останатата количина во депо на оддалеченост од неколку километри од домот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија