Во Италија уапсен албански државјанин со кокаин вреден 10 милиони евра

Од:

Италијанската полиција уапсила албански државјанин откако биле пронајдени и запленети повеќе од 40 килограми чист кокаин, чија вредност на пазарот достигнува 10 милиони евра, јави Топ чанел.

-Полицијата при рутинска контрола го запрела автомобилот марка “голф” управуван од 30-годишниот Албанец, чиј идентитет не се наведува. При претресот на автомобилот била пронајдена кеса со еден килограм кокаин, а потоа бил извршен претрес и неговата куќа каде биле пронајдени уште 40 килограми кокаин и пиштол со сета потребна муниција, наведува телевизијата.

Во куќата, што се користела како лабораторија и магацин, полиција пронашла поголема сума пари за кои основано се сомнева дека се од продажба на кокаин.

Од првичната истрага се покажало дека притворениот албански државјанин бил баран од Гуардија ди финанца од градот Бреша.

Уапсениот бил притворен во затворот Монтакуто, а дрогата, парите, оружјето и другата муниција пронајдени при претресот биле запленети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија