Во источниот Егеј за три дена спасени околу 1.500 мигранти

Од:

Вкупно 1.429 илегални мигранти се спасени во 58 акции за барање и спасување, спроведени во источниот дел на Егејското Mоре во последните три дена, соопшти денеска грчката крајбрежна стража.

Инцидентите се случиле во близина на островите Лезбос, Хиос, Самос, Агатониси, Кос, Сими и Родос.

Во меѓувреме, денеска продолжува операцијата за проноѓење на исчезнатите мигранти по превртувањето на дрвен чамец во кој имало непознат број луѓе, во близина на островот Фармакониси. Во несреќата се удавија 34 луѓе, меѓу кои четири бебиња, 11 деца, 10 жени и девет мажи, додека 99 лица се спасени.

Единицита за подводни мисии денеска ќе спроведе уште една акција за пронаоѓање мигранти кои можеби се уште се во вода.

Преживеаните од несреќата се наоѓаат на островот Лерос, додека телата на починатите ќе бидат пренесени на Родос со грчки воен брод. Потрагата продолжува поради тоа што преживеаните не биле во можност да потврдат колку луѓе имало на чамецот.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто