Во Хрватска водостојот на реките рекордно висок

Од:

Северозападот на Хрватска и понатаму води битка со реките чиј водостој е на рекордно ниво. Водостојот на реката Мура е 533 сантиметри.

Ситуацијата е тешка и во останатите делови од Меѓумурје, јавуваат хрватски медиуми. На удар на Купа е градот Сисак, додека за утре се очекува воден бран на реката Сава да погоди делови од Хрватска.

Во Карловац се уште во сила е состојбата на општа опасност, иако водостојот на реката Коране се намалува. Жителите градеа брани, а околу 50-на се евакуирани.

Во пораст е и водостојот на Уна и поради тоа во Хрватска Костајница прогласена е вонредна состојба. Жителите стравуваат дека Сава нема да ја прими Уна поради што водостојот енормно би пораснал, се додава во извештаите на хрватските медиуми.

Би можело да ве интересира

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник