Во Хрватска регистрирани 10 случаи на мајмунски сипаници

Од:

Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници. Сите пациенти се мажи на возраст од 30 до 50 години, а во два случаи е констатирано дека се заразиле во странство, изјави синоќа епидемиологот Горанка Петровиќ.

Хрватска ги очекува првите серии вакцини против оваа ретка, заразна болест во следните недели.

– Европската комисија организира општа јавна набавка за вакцини. Количината на распределените дози ќе биде пропорционална на населението на секоја земја членка, истакна Петровиќ.

Хрватска може да очекува 1.400 дози за имунизација на луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски