Во Хрватска млад човек почина откако ја прими вакцината на АстраЗенека, случајот се истражува

Од:

Хрватските здравствени власти истражуваат уште еден случај на смртен исход кај пациент кој ја примил вакцината на компанијата АстраЗенека, која е под лупа во цела Европа поради наводни фатални последици поврзани со згрутчување на крвта.

Хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД) започна истрага откако утрово во Загреб починал 33-годишниот пациент од Сисак, 12 дена откако ја примил првата доза од вакцината.

Според хрватските медиуми, откако бил вакциниран на 5 март, пациентот имал температура два или три дена, но по ова се чувствувал добро. Проблемите настанале девет дена откако ја примил вакцината, кога почувствувал силна болка во стомакот.

Тој бил примен во болница, а по извршената магнетна резонанца, утврдено е дека има крвавење во надбубрежната жлезда.

Министерот за здравство Вили Берош свика итен состанок за да се анализира случајот, за кој се стравува дека е сличен на некои од смртните случаи поврзани со вакцината низ Европа. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека земјата ќе продолжи да ја користи вакцината на „АстраЗенека“ во очекување на официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМУ).

Освен крвавењето, починатиот пациент имал и болки во цревата и синуситис, а лекарите се сомневаат и на тромбоцитопенија, ретко пореметување во производството на тромбоцити. Обдукцијата, која е најавено дека ќе заврши утре, треба да открие дали овие состојби се поврзани со смртта на младиот човек.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ