Во Херцег Нови 92 отсто помалку туристи од лани

Од:

Во Херцег Нови викендов престојуваат околу 3.300 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период лани, според податоците на Туристичката организација во црногорскиот град.

Од вкупниот број туристи има 2.570 странци и 733 домашни гости, пишуваат локалните медиуми.

Според информациите, иако е забележан раст на бројот на туристите во однос на минатата недела, ова е еден од најслабите викенди во август што го паметат туристичките работници.

Според Туристичката организација на Херцег Нови, викендов нема ниту еден регистриран турист во десетината авто кампови и хостели во градот и околината.

Би можело да ве интересира

Учениците во Херцег Нови четири недели не одат на училиште поради лажни дојави за бомби

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски