Во Грција продолжува негативната кампања против македонските власти

Од:

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов упати личен напад кон премиерот Андонис Самарас обвинувајќи го дека не сака решение за прашањето за името, пишува весникот „Та Неа“.
Во безбројните напади кон македонските власти за „иредентизам, национализам, неконструктивност, непопустливост“ и слично, грчките медиуми овој пат го обвинуваат претседателот Иванов дека неговата изјава е „личен напад“ кон Самарас, јави дописникот на МИА од Атина.

– „Коментирајќи го одговорот на грчкиот премиер кон неговиот македонски колега Никола Груевски, Иванов тврдеше дека грчката страна ги одбила сите иницијативи што тие ги презеле, и осврнувајќи се лично на Андонис Самарас рече: Не можеме да очекуваме ништо друго од човекот кој пред две децении го создаде проблемот и сега сака да го избегне неговото решавање“, пишува „Та Неа“.

Други информативни сајтови одат и подалеку коментирајќи дека изјавата на Иванов била „дрска“ и „многу остра“.

– „Писмото на грчкиот премиер Самарас само потврди дека Македонија нема со кого да разговара за да дојде до решение за името. Дијалогот е единствен начин да се надминат несогласувањата. Грчката страна ги одби сите иницијативи што ги преземавме. Не треба да се очекува ништо друго од човекот кој пред две децении го создаде проблемот и сега сака да го избене неговото решавање“, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на шефот на македонската држава.

Грчките новинари кои се занимаваат со спорот за името, вчера преку своите медиуми изразија незадоволство поради тоа што „провледините медиуми во Македонија го обвиниле Самарас за ароганција, затоа што ги одби предлозите на премиерот Груевски…“

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски