Во Грција инфлацијата достигна 11,6 отсто

Од:

Од споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени во месец јули 2022 година со соодветниот индекс од јули 2021 година, произлезе пораст од 11,6 отсто, наспроти зголемувањето од 1,4 проценти во споредбата на 2021 година со 2020 година, соопштија од грчката служба за статистиката во месечниот извештај за инфлацијата и цените во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Годишната инфлација во јули е за 0,5 проценти пониска во споредба со минатиот месец кога со 12,1 отсто претставуваше и рекорд во изминатите најмалку 25 години.

Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од јули 2021 година, до јули годинава, најголемо зголемување на цените има кај природниот гас за 178,9 отсто, на електричната енергија за 55,8 проценти, нафтата за греење се зголемила за 65,1 отсто, а зголемување на цените има и кај прехранбените продукти.

Маслата и мастите се поскапи за 27,3 проценти, лебот, житните производи и месото за 16,7 отсто, млечните производи и јајцата за 16,4 проценти, а зеленчукот за 11,3 отсто.

Годишната инфлација во Грција во март беше 8,9 отсто, во април 10,2 отсто, а во мај 11,3 проценти, во јуни 12,1 отсто, а во јули, со 11,6 отсто бележи благ пад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција