Во Грција има вкупно 26 случаи на омикрон и се очекува зголемување на бројот

Од:

Во овој момент имаме потврдени 26 случаи на варијантата Омикрон, но да не се задржиме на оваа бројка, бидејќи се очекува да видиме повеќе случаи, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција Теоклос Заути.

Заути објасни дека поголемиот број од овие случаи не се поврзани со патување во некоја од земјите каде што е раширен новиот сој.

-Ова ни покажува дека вирусот е присутен во нашето општество, истакна претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција и додаде дека случаите се регистрирани на Крит, во областа Атика, поширокиот регион на Атина и во областа Ланонија на Пелопонез.

Во изминатите 24-часа, во Грција беа регистрирани 3.689 новозаразени, починаа 85 лица, а 670 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои 555, односно 82,84 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.037.759 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 19.976 лица.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина