Во Драч запленети 422 килограми марихуана

Од:

Албанските царински службеници  во пристаништето во Драч запленија 422 килограми марихуана, сoкриени во автобус со тирански регистарски таблички.

Како што јави дописникот на МИА, дрогата била скриена во шасијата на автобусот, што бил полн со патници кои патувале кон Италија. Полицијата го уапсила 36-годишниот возач на автобусот.

Ова е втора поголема заплена на марихуана во Драч во изминативе денови. Претходном во камион со скопски регистарски таблички, кој превезувал конзерви со риба, албанската полиција откри над 835 килограми марихуана. Според полицијата, дрогата потекнувала од „источните земји“ и преку Македонија влегла во Албанија, од каде требало да продолжи за Италија.

При оваа акција е уапсен возачот Панде Мучов кој на контролата пред да влезе во траектот што сообраќал на релацијата Драч-Бари, на вообичаеното прашање на цариниците одговорил дека пренесува конзерви со риба за Италија, но полициското куче открило дека носи и дрога.

Во други, одделни акции албанската полиција во изминатата недела заплени најмалку 300 килограми марихуана, кои албански граѓани во помали пакети, од 40 до 70 килограми, се обиделе да ги прошверцуваат кон Италија или кон Грција.

Би можело да ве интересира

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски