Во Црна Гора 1 и 2 септември прогласени за денови на жалост, премиерот Спајиќ очекува убиецот да биде фатен

Од:

Поради тројното убиство во Даниловград, Владата на Црна Гора ги прогласи 1 и 2 септември за денови на жалост.

„Длабоко сум потресен од денешната трагедија во Даниловград, во која загинаа Петар Глобаревиќ, Момир Радоњиќ и Немања Капор, вработени во стрелиштето „Чешка збројевка“. Во овој тежок момент, упатувам најискрено сочувство до нивните семејства и пријатели и ја споделувам нивната болка“, изјави црногорскиот премиер, Милојко Спајиќ.

Тој рече дека во комуникација со министерот за внатрешни работи, Данило Шарановиќ, и директорот на Управата на полицијата, Лазар Шќепановиќ, добил уверувања оти надлежните органи работат со сите расположливи капацитети за да се расветлат околностите на оваа трагедија и да се лоцира сторителот.

„Очекувам тој што поскоро да биде изведен пред лицето на правдата. Поради денешната трагедија, Владата ќе донесе одлука за прогласување на 1 и 2 септември за денови на жалост, додека почетокот на учебната година во Даниловград ќе се одложи за четврток, 3 септември“ – најави Спајиќ.

Би можело да ве интересира

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора