Во Букурешт утре средба на Данџила, Вучиќ, Ципрас и Борисов

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во Букурешт, каде ќе учествува на состанокот на Високиот совет за соработка на Србија, Грција, Бугарија и Романија.

На состанкот на Високиот совет ќе присуствуваат премиерот на Романија Вјорика Данџила, премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов и премиерот на Репубилка Грција Алексис Ципрас-соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.

Утрешниот состанок во Букурешт на српскиот претседател со премиерите на Романија, Грција и Бугарија договорен е за време на средбата на четирите лидери во во Белград во декември минатата година. Повод за нивната средба тогаш беше поддршката на Србија од овие три ченки на ЕУ за забрзување на европскиот пат преку економската соработка, но и на останатите земји на западниот Балкан преку решавање на проблематичните односи.

На состанокот во Белград акцентот беше ставен на унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување меѓу овие четири балкански држави.

Договарано е грчкото пристаниште Александропулос да стане гасно чвориште за Бугарија, Србија и Романија, како и за намерата на Бугарија крај Црното Море да изгради европски хаб од каде би доаѓале повеќе цевоводи кои тука би се сливале- и од Турски поток и од Александропулос и од Романија, од каде и Србија преку Бугарија би земала гас. Од другите проекти за кои разговараа четирите балкански лидери, беше истакнато и железничкото поврзување и модернизацијата на пругите Солун-Белград, како и поврзувањето на Солун и Кавала со Бургас и Будимпешта и Софија со Белград.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија