Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Од:

Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА.

Жељазков уште еднаш изрази сочувство до семејствата на загинатите и надеж за успешно закрепнување на повредените. Тој информира дека во моментов во Бугарија се лекуваат 14 македонски државјани во болници во Софија, Пловдив и Варна.

– Подготвени сме да примиме уште повредени, но тоа зависи од нашите колеги од Северна Македонија. Во постојан контакт сме, нашиот амбасадор е на терен и ја следи ситуацијата. Изразивме подготвеност и имаме капацитет за тоа. Обезбедивме услови семејствата на повредените да дојдат во Бугарија за да бидат во контакт и да им пружат поддршка, изјави шефот на бугарската Влада.

Тој додаде дека трагедијата ги надминува секојдневните политички и општествени разлики. – Во вакви тешки моменти, човечките чувства и солидарност доаѓаат до израз. Верувам дека нашите народи ќе ги остават настрана дневните предизвици и ќе бидат единствени во овој ден, потенцираше премиерот на Бугарија.

Ден за жалот денеска е прогласен во Црна Гора, а утре исто така ден на жалост ќе биде во Србија.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија