Во Бугарија се уапсени седум странски државјани кои и помагале на атентаторката во Истанбул

Од:

Во Бугарија е соопштено дека се уапсени седуммина од осомничените за смртоносниот напад во Истанбул, јавија локалните медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, меѓу приведените има три лица со молдавско државјанство и еден маж со арапско потекло.

Еден од нив е Амран Абдулрами, кој бил најблизок на Билал Хасан кого го бара Интерпол, и всушност и помогнал на жената атентатор во Истанбул пред една недела. Акцијата на бугарските специјални служби била спроведена под целосна тајност, што објаснува зошто дури сега се дознава за неа, прецизира дописникот на МИА од Софија.

Осомничените биле приведени на почетокот на неделата во хотел на периферијата на Софија. За време на апсењата тие биле невооружени.

Главното бугарско обвинителство денеска побара трајно приведување на четири лица, соопшти Сијка Милева, портпаролка на главниот обвинител на Бугарија. Таа соопшти дека приведените во Софија имале логистички активности по нападот во Истанбул. Барањето за приведување на лицата од страна на Обвинителството на Република Турција содржи податоци од разузнавачката служба МИТ, имено дека Амран Абдулрами и Билал Хасан и група терористи имаат намера да извршат повторени напади, како во Турција, така и во земја на ЕУ.

Според информациите на бТВ, Амран Абдулрами бил задолжен од Билал Хасан да избере на територијата на Бугарија една од три однапред избрани компании, кои биле под истрага дека превезуваат мигранти. Некои од уапсените се обвинети дека нелегално изнесувале луѓе од Турција во тајни автобуси за трговија со текстилна стока со која тргувале.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот