Во британските затвори казни издржуваат 303 Албанци

Од:

Според официјалните британски податоци за странските затвореници, со 303 затвореници Албанија е меѓу првите 10 земји со најмногу свои државјани во затворите низ Велика Британија, пренесе денеска албанскиот дневен весник „Шекули“.

Според пишувањето на весникот, од вкупно 11.000 странци во британските затвори, најмногу се оние од Полска (околу 1.000), додека на второ и трето место се Ирска и Јамајка.

Меѓу првите 10 уште се наоѓаат Романија, Пакистан, Литванија, Нигерија, Сомалија и Индија.

Велика Британија на странските државјани во своите затвори, како што се наведува, троши повеќе од 360 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек