Во Брисел уапсен европратеник од Златна зора, во Грција треба да лежи 13 години во затвор

Од:

Грчкиот европратеник Јоанис Лагос, поранешен член на неонацистичката партија Златна зора, денеска е уапсен во Брисел, откако синоќа му беше одземен пратеничкиот имунитет, тврдат извори од грчката полиција.

Лагос е осуден во Грција на 13 години и осум месеци затвор како еден од водачите на „криминална организација“ и против него е распишана меѓународна потерница.

Веста за апсењето на грчкиот европратеник следеше откако синоќа Европскиот парламент му го укина имунитетот. На тајно гласање, 658 пратеници гласаа за укинување на имунитетот, 25 беа против, а десет беа воздржани.

Постапката е покрената на барање на грчките власти, кои мораа да издадат европска потерница по него. Лагос (48) е меѓу 40-те членови на Златна зора кои беа осудени во октомври на маратонското судење, што траеше 5,5 години.

„Јас сум во полициско возило, крадци, атеисти, антигрци ќе ме затворат“, напиша Лагос денеска на Твитер.

Лагос, како и целото раководство на Златна зора, беше во притвор по убиството на антифашистички активист во Атина во септември 2013 година. Беше пуштен на условна казна 18 месеци подоцна, додека го чекаше судењето. Имаше пратенички имунитет од јули 2019 година, кога беше избран во Европскиот парламент како претставник на Златна зора, партијата која ја напушти неколку месеци подоцна.

Лидерот на Златна зора, Никос Михалолијакос, и повеќето осудени се во затвор, но другиот човек на таа организација, Христос Папас, се уште е во бегство.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент