Во Брисел продолжува дијалогот за примена на спогодбата Белград- Приштина

Од:

Во Брисел денеска продолжува новата рунда од техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за примена на бриселската спогодба, во која главни теми се полицијата, правосудството, електричната енергија и телекомуникациите.

Учесниците на вчерашниот состанок, на кој се разговарало за полицијата и правосудството, не даваа изјави.

Во Брисел денеска ќе стане збор за останатите теми поврзани со спроведувањето на спогодбата , што на 19 април ја парафираа српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, а ќе се разговара за струјата и телекомуникациите.

Како и минатиот пат, белградската делегација ја предводи советникот на српскиот претседател Марко Ѓуриќ и координаторот на одборот за имплементација Александар Вулин, а во состав на делегацијата е и министерот за правда Никола Селаковиќ.

Од другата страна се потпретседателите на косовската влада Едита Тахири и Најредин Кучи, додека ЕК ја претставува Фернандо Џентили, директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи и близок соработник на виоската претставничка за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани