Во Брисел продолжува дијалогот Белград-Приштина

Од:

Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи денеска во Брисел, а според извори блиски до српскиот тим за преговори, договор може да биде потпишан до понеделник ако бидат исполнети сите услови од Белград, јави Танјуг.

Делегацијата од Белград која синоќа отпатува за Брисел ќе има состанок попладне со високиот комесар за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Претходно ќе имаат состанок со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмунсен од кого ќе побараат гаранции за безбедноста на спрското население на север во Косово, изјави за Танјуг изворот близок до преговарачкиот тим.

Деветтата рунда од дијалогот беше одржана во средата, но по 15 часа разговорите не резултираа со конечен договор.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека тогаш бил подготвен да прифати договор за овластувањата на заедницата на српски општини, но косовскиот премиер Хашим Тачи тоа го минирал со врзување на тој проблем со членство на Косово во меѓународни организации вклучително и во ОН, што не прифатиле од Белград.

– Тргнуваме за Брисел бидејќи добивме гаранции дека точката 14 од договорот е модифицирана, изјавија синоќа извори. Според нив, белградскиот им нема да прифати договор доколку на Србите во север на Косово не им биде дозволено да изберат регионален командант на полицијата.

Косовскиот премиер смета дека повторната средба е добар знак дека Србија дефинитивно ја увидела новата реалност и она што се предвидува со договорот е најдобро и последно решение.

– Косовската делегација активно и професионално работеше и ги претстави своите ставови кои се во согласност со уставот и косовските закони, додека Србија тоа го одби, изјави Тачи од Љубљана.

– Повикот за враќање на разговори е добар знак Србија да се врати на конечниот договор. Како што е запозната јавноста, ќе имаме единствено функционирање на судството. Така ќе биде и со полицискиот систем на целата територија и според законите на Косово, изјави Тачи за РТВ 21.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во српскиот парламент: Шок бомби, солзавец и тепачки

Катерина Ѓуровски

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград