Во Брисел продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Од:

Во Брисел денеска ќе почне нова дводневна рунда од техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина за имплементација на спогодбата за нормализирање на односите, а главни теми ќе бидат полицијата, правосудството, електричната енергија и телекомуникациите.

Белградската делегација ја предводат советникот на претседателот на Србија, Марко Ѓуриќ и координаторот на одборот за имплементација Александар Вулин, а во состав на делегацијата ќе биде и министерот за правда Никола Селаковиќ.

На другата страна на масата ќе седнат потпретседателите на косовската Влада Едита Тахири и Хајредин Кучи со присуство на функционери и експерти за одредени области.

Европската комисија ќе ја претставува Фернандо Џентили, директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи и близок соработник на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Претходната рунда за ова прашање заврши минатата недела со мал напредок, но без договор за многу важни прашања, за што официјален Белград ја обвинува приштинската делегација и вели оти таа се обидува да наметне решенија, кои не се во рамки на спогодбата, која на 19 април ја потпишаа српскиот премиер Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица