Во Брисел почна нова рунда од дијалогот Белград-Приштина

Од:

Во Брисел денеска почна нова рунда од политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, за која политичарите и медиумите проценуваат дека е од исклучителна важност, јави Танјуг.

Четири теми се на дневен ред на разговорите под покровителство на високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, а за Белград е најважно прашањето за формирање Заеднички српски општини.

Покрај тоа, премиерот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе разговараат и за енергетиката, телекомуникациите и „Паркот на мирот“ на мостот во Косовска Митровица.

Од напредокот во дијалогот зависи отворањето на првите преговарачки поглавја во процесот на пристапување на Србија во ЕУ, а на инсистирање на Германија, првото од тие треба да биде 35-то поглавје, кое се однесува на процесот на нормализирање на односите Белград-Приштина.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски