Во Брисел ќе се одржи одлучувачки круг преговори меѓу Белград и Приштина

Од:

Во Брисел денеска ќе се одржи осмата рунда преговори меѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, со посредство на ЕУ, на која клучното прашање треба да биде широката автономија на Северно Косово, на што Приштина се противи, јави Танјуг.

Многу сметаат дека денешниот состанок на Дачиќ со Тачи е одлучувачки, бидејќи Европската комисија во средината на април треба да го претстави извештајот за напредокот на Србија за процесот на евроинтеграција, кој ќе го опфати напредокот во нормализација на односите Белград-Приштина.

Државниот врв на Србија вчера, во пресрет на осмата рунда дијалог, постигна договор за тоа што е минимумот на српските барања и кој ќе биде во состав на делегацијата, во која освен Дачиќ, ќе биде и вицепремиерот Александар Вучиќ и потпретседателката на Владата на Србија за евроинтеграции Сузана Грубејшиќ.

– Она на што инсистираме е правосудството, полицијата и никогаш војската да не биде на територијата на заедниците на српските општини, рече вчера Николиќ и додаде дека гарант за тоа би требало да биде ЕУ.

Тачи пред заминувањето за Брисел изјави дека нема да биде лесно да се постигне договор и повтори дека заедницата на српски општини нема да може да има ниту законодавни, ниту извршни овластувања.

Според Тачи, цената за евентуално изостанување на договор ќе ја плати Белград, во вид на доцнење во процесот на евроинтеграции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ