ВИДЕО: Во Белград уапсена помошничка на министерот за земјоделие, примала 1.000 евра месечно за наместен тендер

Од:

По наредба на српското Обвинителството за организиран криминал, помошник-министерката за земјоделство Дарија Јањиќ Нишавиќ уапсена е попладнево поради сомнение дека примила мито, додека Д.Ч. е уапсен под сомнение дека ја има подмитено.

Јањиќ Нишавиќ е раководител на Секторот за меѓународна соработка и ги води работите со ЕУ во министерството за земјоделие. Претходно била вработена во Канцеларијата за европска интеграција.

-Се сомневаме дека Дарија Јањиќ Нишавиќ од Д.Ч. примила месечна рата од однапред ветенета корист за добивање договор во постапката за јавна набавка на Министерството за земјоделство од областа на услугите, што е поддржано од странски фонд за финансирање на земјоделството, се вели во соопштението на обвинителството.

Српската полиција попладнето објави и снимка на која се гледа осомничениот поткупувач, како и тој заедно со функционерката во ресторан во кој наводно ѝ ги дал парите.

Се додава дека на Дарија Јањиќ Нишавиќ ѝ е ветена корист за плаќање од околу 1.000 евра месечно, во следните две години, додека трае спроведувањето на договорот за јавна набавка. Обвинителството соопшти дека претресите се во тек, а помошник-министерката се сомничи за кривичното дело примање на мито.

Акцијата за апсење по налаог на обвинителството, по повеќемесечна предистражна постапка ја извршија припадници на Министерството за внатрешни работи, Полициската управа и Службата за борба против организираниот криминал.

На осомничените им е одредено полициско задржување и тие со кривична пријава ќе бидат спроведени во Обвинителството за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија