Во Белград почнаа со роботи за достава-квадратна кутија се движи низ главниот град

Од:

Вештачката интелигенција наскоро ќе има предност на многу полиња, таа зборува и пишува, може да пее и да црта. Памети сè. И работи наместо нас. Може да одговори на секое прашање од кое било поле, да понуди решение, дури и креативно. Може да црта и компонира, да прави веб-страница, но може и да ве навредува или дури и да флертува со вас, а се чини дека може да доставува и храна низ Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на почетокот на месецот ги најави роботите кои наместо работниците на „Волт“ и „Глов“ на станарите ќе им го доставуваат и разнесуваат она што им треба, а се чини дека веќе почнале со работа. Во Белград на вода, судејќи според објавите на социјалните мрежи, роботите за испорака на Yandex започнаа оваа недела.

„Роботите за доставување на Yandex почнаа да работат во Белград на вода. Дистопијата во BNV е се посилна секој ден“, се вели во еден твит. Да потсетиме дека на 7 април претседателот рече „дека за месец или два ќе ги имаме првите роботи во Белград на вода кои „ќе носат разни работи во домовите на луѓето“. Тие ќе шетаат, ќе носат работи низ Белград кој ќе биде прв во Европа“, а очигледно во главниот град се појавија малку порано.

Овие роботи за доставување не се непознати, тие се слични на оние кои постојат во Москва веќе некое време, бидејќи Русија пред нешто повеќе од една година воведе иновација во својот систем за давање услуги на граѓаните. Пратките низ Москва почнаа да се доставуваат со беспилотни роботи за испорака, а граѓаните на руската престолнина можат да нарачуваат испораки преку мобилна апликација.

Системот за испорака на роботи во Москва работи така што поштенските оператори поставуваат пакети на роботот, а клиентот нарачува и прима нарачки преку мобилна апликација. Статусот и локацијата на пакетот во секое време се достапни на мобилниот уред на корисникот.

Таканаречените ровери Yandex можат да испорачуваат пратки од мали пакети, меѓународни пратки, до поголеми со тежина до 15 килограми. Секој робот содржи камера со висока резолуција со напредна оптика која ја скенира и снима околината и има различни типови на сензори.

Би можело да ве интересира

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Еден од тројцата пациент во Болницата во Ниш е во тешка состојба