Во Белград форум ЕУ-Западен Балкан

Од:

Во Белград денеска ќе се одржи форумот на министри за внатрешни работи и правда „ЕУ-Западен Балкан“, на кој ќе се разговара и за борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Форумот го организираат министерствата за внатрешни работи и правда на Србија со поддршка од Италија и во соработка со Европската комисија.

Средбата ќе ја отворат италијанските министри за внатрешни работи и правда Анџелино Алфано и Андрео Орланд, а на учесниците ќе се обрати и европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефанивиќ вчера најави дека на форумот ќе се разговара за многу важни теми, како што е борбата против организираниот криминал и тероризмот, азил и миграциите, владеење на правото, како и слободата на медиуми, еднаквоста и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија