Во бегалскиот камп Мориа 17 позитивни случаи на Ковид-19

Од:

Во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос регистрирани се вкупно 17 позитивни случаи на Ковид-19, по масовните тестирања од Националната организација за јавно здравје на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Тестирањата започнаа откако минатата седмица беше поврден првиот позитивен случај кај бегалец од Сомалија.

Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека никој од заболените бегалци и мигранти не е во сериозна состојба.

Паралелно, од вчера во 14-дневен карантин се уште три бегалски кампови во регионот Атика, поради потврдени случаи на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција