Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

Од:

Во леарницата Јелшинград во Бања Лука, денес беше организирано јавно уништување на 1.536 парчиња оружје и делови за оружје, кои беа собрани и запленети од полициските агенции во Босна и Херцеговина.

Оружјето се уништува како дел од ИПА проектот „Поддршка за зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје во Западен Балкан“, објави БХРТ.

Уништувањето на оружјето беше организирано од Координативниот комитет за контрола на мало и лесно оружје во Босна и Херцеговина, во соработка со европски партнери и со поддршка на УНДП во БиХ.

Целта е да се привлече вниманието кон опасностите што вишокот оружје, како и лошо осигуреното и нелегално поседуваното оружје, ги претставуваат за секојдневната безбедност на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Татко и син пронајдени мртви во гаража во близина на Бања Лука

А1он

Европа стана најголем увозник на оружје во светот

Почина дете во градинка во Бања Лука

А1он

Уапсени две воспитувачки во градинка во БиХ – обвинети за психичко насилство врз дете

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он