Во Бања Лука отворен симболичен „Музеј на јавните набавки“

Од:

Во организиација на УСАИД и пет невладини организации од Босна и Херцеговина, денеска во Бања Лука е отворен симболично нарачен „Музеј на јавните набавки“, во кој се „изложени’ предмети што укажуваат на злоупотреби во процесите на јавни набавки во БиХ.

Како што јави Фена, меѓу „експонатите“ во „Музејот“ се наоѓаат и еден обичен пепелник кој е платен 750 евра, како и канта за отпадоци, чија вредност е речиси 870 евра. Двата предмети била набавени за време на опремувањето на новата зграда на Владата на Република Српска.

Изложено е шише со алкохол кое е дел од набавката на Јавната установа за предучилишно образование од Бања Лука, кое е платено 360 пати поскапо од цената на литар алкохол. Набвката вклучувала 666 литри алкохол за потребите на градинките од Бања Лука.

Меѓу останатото во „Музејот“ се изложени и сметкопотврда за ручек на Владата на Унско-санскиот Кантон од 115 евра по човек, автомобилски гуми за кои се платени над 500.000 евра, парче асфалт по цена од 1.050 евра за метар квадратен…

– Целта на „Музејот за јавни набавки“ е многу едноставна. Луѓето треба да видат што се случува и какво е влијанието на злоупотребите на јавните набавки, изјави директорот на УСАИД за БиХ, Питер Дафи.

По Бања Лука, „Музејот за јавни набавки“ ќе има изложби и во Сараево, Тузла, Мостар и Бијељина.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина