Поради штрајк на вработените во контролата за летање, одложени се сите летови на меѓународниот аеродром во Тирана.
Доколку не се најде решение на барањата тие најавуваат и други мерки во блокирање на воздушниот сообраќај.
-Оваа состојба доаѓа по бунтот на вработените во компанијата АлбКонтрол, која е во функција на аеродромот. Вработените протестираа затоа што се исплатени само 72 отсто од платите, истовремено барајќи усогласеност со законот за работни односи, услови што важеа дури и пред пандемијата, пренесуваат медимите.
Министерката за инфраструктура, Белинда Балуку, која беше на аеродромот, предупреди дека ќе бидат преземени законски мерки поради блокирање на воздушниот сообраќај, со штрајк на контролорите.
Балуку вели дека мерките нема да бидат добри за никого, особено за воздушната пловидба во Албанија.
Таа додава дека покрај високите плати, контролорите имаат и други привилегии, како што е фактот дека работат само 17 дена месечно, или 205 дена во годината.
-Со блокирањето на воздушниот сообраќај се доведува во прашање и здравјето на нашите граѓани бидејќи денеска е спречено прситигнувањето на најавените пратки со вакцини против Ковид-19. Ова е државен удар, од страна на некои луѓе кои не се задоволни со плата од 2.490 долари. Бараат плата од 4.400 долари се закануваат дека доколку не им се обезбеди тоа ќе ја држат земјата во заложниптво, рече Балуку.
Додаде дека на аеродромот дошла за да порача дека ова што го прават не е игра.
-Денес, секој граѓанин на Албанија е засегнат, националната безбедност и правото на слободно движење на секој граѓанин. Тоа не е игра. Мора да преземеме некои важни законски мерки, тие нема да бидат добри за никого, но нема да бидат добри ниту за воздушна навигација. Тоа е многу важен сектор, во кој многу е инвестирано во човечки ресурси со текот на годините. Сите тие се обучени во најдобрите академии, за да го имаат вистинскиот сертификат, рече таа.
Таа, како што рече, го замолува претседателот Илир Мета, кој исто така се состанал со контролорите и побарал информации од АлбКонтрол јавно да зборува за оваа состојба.