Во Албанија секој понеделник наставата ќе започнува со пеење на националната химна

Од:

Се навршуваат 555 години од смртта на албанскиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, а албанската Влада донесе одлука наставата секој понеделник да започнува со пеење на националната химна (химната на знамето), јави „Ора њуз“.

-Министерката за образование и спорт Евис Куши на годишнината од смртта на националниот херој ја објави чудната одлука дека во секоја паралелка, во секое училиште во државата, во понеделниците учениците мора да ја пеат националната химна, пред да почне наставата, наведува телевизијата.

Додава дека во „рамки на владината пропаганда“, Куши објавила видео направено во различни училишта, во 12 окрузи во земјата, каде што се гледаат деца како ја пеат химната.

-И со химната на знамето што ја пеат сите ученици денеска, на денот на 555-годишнината од смртта на нашиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот Скендербег, како и со одлука химната да се пее на овој начин во секое училиште, на почеток на секоја нова наставна недела, ви посакувам убав ден, наведува министерката Куши.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент