Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, а први ќе бидат вакцинирани здравствените работници.
Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук напиша дека вакцинирањето започнало пред помалку од еден час и дека во борбата против „невидливиот непријател“ започнала фазата на голема офанзива против непријателот и негово „заминување од нашите животи“.
Албанската Влада обезбеди 500.000 вакцини од „Фајзер / Бионтек“ против коронавирус, во февруари ќе пристигна уште 30.250 дози.