Во Албанија пристигнаа 100 илјади дози вакцини „Астра зенека“ донација од Грција

Од:

Во Институтот за јавно здравје во Тирана попладнево пристигнаа 100.000 дози вакцини „Астра зенека“, донација од Република Грција, соопшти министерката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, заблагодарувајќи и се на Република Грција за поддршката.

Таа најави дека вакцинацијата ќе продолжи од врата до врата.

„Во Институтот за јавно здравје штотуку пристигнаа 100.000 дози вакцина „Астра зенека“ благодарение на солидарноста и поддршката на владата на Република Грција. Досега пристигнати се 1.220.070 анти-ковид вакцини. Ние сме решени да продолжиме без да застанеме со националниот план за вакцинација, од врата до врата, за да ги заштитиме животот и здравјето на граѓаните. Албанија се насмевнува“, напиша Манастирлиу на Фејсбук.

Со процесот на имунизација, кој во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари, до сега, опфатени се над милион и 20 илјади граѓани а половината од нив се ревакцинирани. Се користат вакцини од „Фајзер“, „Астра зенека“, „Синовак“ и „Спутник В“.

Според националната стратегија за вакцинирање, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

Би можело да ве интересира

ЕУ го одобри Евушелд на Астра Зенека за лекување на Ковид-19

А1он

Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација

Лекот на Астра Зенека за лекување на рак на дојка одобрен во ЕУ

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки

Катерина Ѓуровски

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Модерна и Астра зенека прават вакцини против омикрон