Од почетокот на годинава, кога и почна трендот на раст на новозаразени со Ковид – 19, во Албанија опасниот вирус е дијагностициран кај 700 деца. Во земјата речиси 80 отсто од болничките капацитети наменети за хоспитализација на деца се пополнети.
-Зголемувањето на бројот на нови случаи се рефлектира и кај децата. Имаме 700 заразени деца од јануари, имаме зголемена стапка на хоспитализација од ноември, бидејќи во јануари бевме со полн капацитет и подготвивме споредни сценарија како за тоа ќе продолжиме“ – вели педијатарката Ѓеорѓина Кули.
Таа зборуваше и за тоа колку се погодени бебињата од Ковид-19 и од кавасаки синдромот.
-Повеќето случаи се лекуваат во домашни услови, додека во однос на децата хоспитализирани во болница, тоа се бебиња стари еден до два месеци, дури и новороденчиња со компликации кои се заразиле од нивните мајки. Досега имаме добри резултати. Моментно имаме само две деца на интензивна терапија. Од самиот почеток беше речено дека децата се помалку ранливи, но всушност имаме неколку деца со Кавасаки синдромот, што кај децата се појавува одреден временски период по инфекцијата со ковид,тврди докторката Кули.
Порачува граѓаните да бидат будни за да почне лекувањето од почеток на појава на болеста, а родителите да побараат лекарска помош доколку три дена по ред нивното дете има висока температура.
Во земјата само во овој месец просечно дневно опасниот врус е дијагностициран кај 1.080 лица, а се зголемува бројот на починати.