Во Албанија нови 21 случај со Ковид-19

Од:

Во последното деноноќие во Албанија новозаразени со Ковид-19 се 21 лице, што е за три помалку споредено со вчера.

Според директорката на Инситутот за јавно здравје Албана Фицо, со новодиагностицираните вкупната бројка на заразени во земјата се зголемил на 539 лица.

-Во последните 24 часа тестирани се 253 сомнителни случаи при што позитвен резултат има кај 21 лице. Досега тестирани се 5.080 случаи, а позитивни на косорнавирусот се 539 лица. Во последното деноноќие оздравени се шест пациенти или вкупно до сега 283. До денес починати се 26 лица, рече Фицо.

Додаде дека за првпат лица заразени со новиот опасен вирус се регистрирани во општина Курбин.

Според неа, во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 43 пациенти, од нив осум се на интензивна терапија, додека четворица интубирани.

Инаку, според новата одлука на владата, место во сабота, како досега, за време на викендот полицискиот час почнува денес во 17:30 и ќе трае до понеделник во 5:00 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“