Во Албанија нови 19 случаи со Ковид-19, уште еден починат и тројца оздравени

Од:

Во последното деноноќие во Албанија регисрирани се нови 19 случаи заразени со Ковид-19, што е за 11 повеќе од вчера.

Во исто време оздравени се тројца, а починал уште еден пациент во Инфективната клиника во Тирана.

-Од тестираните 252 сомнителни случаи, меѓу нив и 44 здравствени работници, позитивен резултатот е кај 19 од нив, меѓу кои и еден здравствен работник. Вкупниот број на заболени од коронавирус кај нас достигна 494 лица. Во последното деноноќие оздравени се тројца пациенти,со што вкупната бројка сега изнесува 251,изјави Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита.

Додаде дека денеска починал уште еден пациент или 25 до сега. Станува збор за 90-годишен жител од градот Фиер,кој единаесет дена бил интубиран, а боледувал и од други болести.

-Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ се лекуваат 48 пациенти, од нив 12 се на интензивна терапија додека четворица се интубирани. И покрај зголемувањето за 19 нови случаи во последните 24 часа, во болниците имаме стабилен број случаи, рече Раткацоли.

Таа ги повика граѓаните да продолжат да ја почитуваат мерката за социјала дистанца, да ја одржуваат личната хигиена и да не излегуваат од домовите без неопходна потреба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“