Во Албанија лани на секои три дена се случувало по едно убиство

Од:

Во просек на секои три дена во Албанија лани се случувало по едно убиство, додека на секои 90 дена по една голема кражба.

Доколку одлучите да паркирате автомобил на едно место немојте да го оставите повеќе од 13 часа, бидејќи тоа е просечно времетраење на кражба на автомобил.

Ова стои во студијата на Институтот за демократија изработена во соработка со албанската полиција. Во студијата се прави анализа на тенденцијата на криминалот во текот на 2012 година, каде кривичните дела се категоризирани според полициската статистика.

– Студијата е многу интересна зашто од неа може да се издвојат и многу други интересни обиди за криминал во земјата. Така на секои 24 часа се случува по едно кривично дело насочено против животот, додека обиди за убиство има на секои 36 часа.
За недозволено држење оружје се приведува по едно лице на секои осум и пол часа, додека лесно ранување е регистрирано на секои шест часа, стои во студијата.

Приоритет на криминалците во текот на минатата година биле кражбите во домови и фирми, каде на секои седум часа е ограбуван стан, а на секои осум часа некоја компанија.

Од сите овие криминални дела, полицијата успеала да расветли само 55 отсто.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек