Во Албанија годинава уништени повеќе од 2,4 милиони стебла марихуана

Од:

На територијата на Албанија годинава уништени се трипати поголем број стебла марихуана споредено со лани, јави дописникот на МИА од Тирана.

Лани биле уништени 800 илјади, додека годинава повеќе од 2,4 милиони стебла марихуана, од кои 750 илјади биле открени во разни делови на земјата преку идентификација од воздух.

Зголемување бележи и бројот на откриените парцели, благодарение на италијанскиот полициски хеликоптер кој имал 42 прелета. Лани биле откриени 1.386, а годинава 2.082 парцели.

Овие податоци ги изнесоа претставници на албанската и италијанската полиција на денешната заедничка прес-конференција.

– Во акциите беа вклучени околу три илјади полицајци и повеќе од 500 возила.

Идентификувани се 400 производители на марихуана, а од нив уапсени се 248. Во овие акции за уништување на марихуната потрошени се над 5,2 милијарди леки, изјави Хаки Чако, генерален директор на албанската полиција.

Според него, треба да се нагласи дека годинава над 70 отсто од парцелите биле засадени со марихуана од сортата “виетнамеза“ кое има покус развоен циклус, околу 45-50 денови.
Претствниците на италијанската полиција искажаа голема загриженост околу новите начини кои албанските шверцери ги користат за транспорт на марихуанта преку Јадранско Море.

– Шверцерите користат нови начини за префрлање на дрогата, користејќи моторни чамци, што е, така да се нарече поефикасен начин, бидејќи тие средства е многу потешко да бидат фатени од радарите,-изјави Џоселино Минуто, претставник на италијанската полиција.

Неговиот колега Антонио Молинаро на новинарско прашање околу дебатата која се води во Албанија за наводен таен извештај за состојбата со марихуаната во Албанија, рече дека нема сознанија и оти прашањето треба да им се адресира на други надлежни авторитети.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски