Во Албанија четврта жртва од „Ковид-19“

Од:

Во Албанија се зголемува бројот на починати лица од „Ковид 19“. Утрово регистрирана е четвртата жртва, маж на 43-годишна возраст, кој бил хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана.

„По влошување на сосотојбата во текот на ноќта, 43-годишниот пациент од Каваја беше ставен на респираторна машина. И покрај напорите на лекарите, тој почина утрово. Пациентот не боледувал од друга болест, соопшти Министертвото за здравство.

Тој е четврта жртва од „Ковид-19“ во Албанија, но и најмладиот пациент кој досега го загуби животот.

Министерството за здравство изразува сочувство до семејството на починатиот и апелира уште еднаш до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните и да се јават на 127 доколку имаат знаци на болест.

Според вчера, последно соопштените податоци, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија е 89, од вкупно тестираните 804 лица.

Тројца од заразените се излекувани.

Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец. На 18 март почина 66-годишен маж од Љушња,синоќа 71-годишен маж од градот Кучово и утрово 43-годшниот маж од Каваја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја