Внуката на Бериша добила закани на Фејсбук поради фудбалскиот натпревар

Од:

Внуката на поранешниот албански премиер Сали Бериша, Дасара Малтези, по коментарите на Фејсбук дека албанските играчи ги прекршиле правилата на фудбалот, доби закани на таа социјална мрежа и мораше да го повлече својот статус.

Приштинскиот портал „Експрес“ во текстот под наслов „Дасара Малтези ги поддржува српските хулигани“ пишува дека внуката на Бериша, коментирајќи го фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија напишала оти „играчите треба да ги почитуваат правилата и оти не можат, доколку не се дозволени знамиња, на стадионот да внесуваат детски играчки“.

– Непочитувањето на правилата не е ништо друго, туку недостиг на цивилизираност, наведе внуката на Беруша, која е ќерка на неговта ќерка.

Таа појасни дека не може да ги разбере Албанците, бидејќи како што тврди, останале горди, а всушност ги прекршиле правилата на фудбалот и се тепале. Според нејзиното мислење, кое го објави на Фејсбук, не може на стадионот да се суди дали правилата се праведни или не, туку тие мора да се почитуваат.

Таа истакна дека албанската репрезентација во Белград пристигнала за да игра и требала да игра, а не да се „боксува“.

Малтези на своите сонародници Албанци им забележала поради тоа што „гореле од желба“ да кажат дека Србите се нецивилизирани и оти на натпреварот против српската репрезентација сакале да го докажат својот патриотизам, „но во пракса со своите пцовки и тепање покажале се само не достоинство“.

Таа на фудбалскиот албански тим му порача да научи дека „светот има правила“.

На крајот додала дека на оној на кој не му се допаѓа нејзинио статус не мора да коментира и оти не и е грижа за тоа.

Според приштинските портали, по овој текст Малтези добила закани и критики на Фејсбук, по што го избришала статусот.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски