Влошена здравствената состојба на поглаварот на Албанската православна црква

Од:

Поглаварот на Албанската православна црква, Анастасиј Јанулатос е болен. Според албанските медиуми, здравствената состојба на 86-годишниот Јанулатос била влошена, но не прецизираат од што тој боледува.

Поглаварот на ова функција дојде во 1992 година, по падот на комунистичкиот ртежим, во кој беше забрането верското изјаснување на албанските граѓани. Роден е во Пиреа, Грција во ноември 1929 година. Теологија завршил на Универзитетот во Атина, додека религија, мисионерство и етиологија на универзитетите во Хамбург и Марбург, Германија. Како епископ на Албанија од урнатини ја издигна автокефалната Православна црква на Албанија иако целосно никогаш не беше прифатен поради грчкото потекло, за кое беше обвинуван дека го грцизира православното население во Албанија.

Дел од епископите, меѓу кои најгласен е епископот на Елбасан, Никола, повеќе пати побараа негово разрешување.

Јанулатос пред повеќе од една деценија беше во посета на Македонија, при што заедно со поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ги посетија и Бигорскиот и манастирот во селото Рајчица, дебарско. Тој во една прилика се понуди и како посредник меѓу МПЦ и СПЦ.

За време на последната посета на Албанија во април годинава, претседателот Ѓорге Иванов оствари средба со Јанулатос.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек